Проф. д-р Фадил ХОЏА
ОСНОВАЧ РЕКТОР
на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-ГОСТИВАР

       Ректорот на Меѓународен Универзитет ВИЗИОН, проф.д-р Фадил ХОЏА, е роден во 1963та година во Гостивар, Северна Македонија. Додипломските студии ги заврши на Филолошкиот факултет во Скопје. Додека магистерските студии ги заврши на Истанбулскиот универзитет при Факултетот за литература на Катедрата за книжевност, отсек стара турска книжевност, а својот докторат го одбранил на Универзитетот „Свети Ќирил и Методиј“ во Скопје, каде предавал на Филолошкиот факултет во периодот од 1989 до 2019 година. Во периодот од 2010та до 2013та бил визитинг професор и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

  Бил вршител на низа должности како што се: претседател на Центарот за образование и култура - АДЕКСАМ во периодот 2000-2004та година, член на Управниот Одбор на Хуманитарната Организација Ел Хилал во Скопје во периодот 2005-2015та година и претседател на МАТУСИТЕБ ( Сојуз на турските Невладини организации во Северна Македонија) во периодот 2004-2008ма година.

  Од 2008ма до 2012 година бил член на советодавниот одбор на Демократска Партија на Турците. Бил главен и одговорен уредник на меѓународното референтно научно списание „ХИКМЕТ“ од 2009та до 2019та година.Покрај тоа, бил член во научно истражувачки одбори во многу референтни меѓународни научни списанија.

  До сега има објавено три книги и повеќе од 70 трудови во различни национални и меѓународни научни списанија на различни јазици. Тој е еден од основачите на „ШАР ВАРДАР“- Фондација за наука, култура и уметност.

Во 2013та, бил избран за академик на годината од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Во 2014та, оддадено му е признанието за допринос за развојот на турската култура од страна на Институтот за истражување на турската фолколрна култура во Анкара - Турција.

Во 2015та, доделена му е меѓународната награда „Сулејман Брина“ за допринос за развојот на турска култура во Балканот во Призрен - Косово.

Од 2019-2020та година бил претседател на Алијансата на Југоисточни Европски Универзитети (SEEU). 

Од 2014та ја врши функцијата основач Ректор на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН.

Тој е оженет и е татко на две деца.


Порака на Основач ректорот

            Почитувани студенти,

          Земајќи ја во предвид структурата на европската и балканската географија, одржливиот развој, развитокот и егзистенцијата е главно се развиваат преку образованието. Во принцип, во Европа и Балканот, и локално во Македонија на врвот на проблемите кои ги имаат малцинствата кои што живеат во региони е проблемот со високото образование. Врз оваа основа, е основан меѓународниот универзитет Визион, при што нашата главна цел е да ги отстраниме недостатоците во областа на образованието и да го интегрираме образованиот кадар и академиците од релевантните системи на балканските земји, да обезбедиме интеграција, повторно да ја развиеме социјалната динамика, и да се одржи конструктивното присуство на елементот на малцинството во земјата и во балканскиот регион.

             Ние, како Универзитет Визион, постоиме за Вас, со наш главен приоритет е да Ви обезбедиме подобро образование и подобро да Ве подготвиме за животот.

              Имајќи во предвид дека живееме во глобален свет, ќе се потрудиме Вас да Ве подготвиме за глобален натпревар.

Link: KUZEY MAKEDONYA ULUSLARARASI VİZYON ÜNİVERSİTESİ - REKTÖRÜN RÖPORTAJI
Uluslararası VİZYON Üniversitesinin Kuruluş Amacı
Uluslararası VİZYON Üniversitesinin Açılış Töreni
test

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi