18
MAR
2020

СООПШТЕНИЕ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА

СООПШТЕНИЕ

Врз основа  член 7 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија, по однос на принудниот распуст заради епидемијата од корона вирусот, а со цел студентите да не претрпат штета и да може да продолжат со следење на наставата, Советот за координација на наставата при Меѓународниот универзитет Визион на својата седница одржана на 17.03.2020 година ги донесе следните одлуки:

1. До следната одлука на Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од 23.03.2020 година на Меѓународниот универзитет Визион наставата ќе се изведува онлајн.

2. За онлајн наставата сите засегнати страни редовно ќе бидат известувани почнувајки од Министерството за образование и наука, наставниот кадар и студентите.

3. Со редовно известување на нашите студенти преку нивните електронски пошти за онлајн наставата ќе се обезбеди своевидна координација. 

4. Наставните програми (онлајн програми) ќе бидат ажурирани и објавувани на нашата веб страница.

5. Овие одлуки да се спроведуваат се’ до следната одлука на Владата на Република Северна Македонија и сите случувања во врска со онлајн наставата да се објават на веб страницата на универзитетот.

Со почит.