Мисија

Мисија

   Меѓународната мисија на Меѓународниот Универзитет Визион (МУВ) – Гостивар, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на различните културни вредности во општеството. Во овој склоп, основната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадриод различни етнички заедници во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и на меѓународниот пазар на знаење и на труд.

    Мисијата на МУВ преставува:

  Приватен, автономен, научен, високообразовен универзитет, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во областите на акредитираните студиски програми,

   МУВ е посветен на негувањето и на меѓународната афирмација на традиционалните обележја и вредности на различните етникуми на нашето општество и, истовремено, на негувањето на културните и образовни вредности на Турската етничка заедница во РМ;

   МУВ е отворен за сите студенти врз основа на еднаквост и резултати, без разлика на нивното идеолошко, културно и социјално потекло;

   МУВ е определен за постигнување на меѓународните норми и стандарди во сите области на своето дејствување.