СЕ РЕАЛИЗИРА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ЧЕТВРТАТА ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ ПРИ МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“


На 21 декември по повод Денот на турското образование во РС Македонија и седмата година од формирањето на Меѓународниот универзитет „Визион“, беше одржан првиот дел од четвртата церемонија на доделување на дипломи. На церемонијата беа презентирани и академските учебници, објавени од страна на Меѓународниот универзитет „Визион“, каде беше извршено и доделување на академски титули на наставници од Универзитетот.

На церемонијата, која ја отвори ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, присуствуваа проректорите, деканите, професорите од Меѓународниот универзитет Визион, како и дипломци на додипломски, постдипломски и докторски студии од 2021 година.

Во првиот дел на програмата, од страна на проректорите им беше доделена академската титула доцент на доц. д-р Ајше Ариџи, доц. д-р Цветанка Велкоска, доц. д-р Јордан Делев, доц. д-р Ебру Ибиш, доц. д-р Хава Шабан и доц. д-р Ерсин Сулејмани. На проф. д-р Зоран Филиповски му беше доделена титулата редовен професор, од страна на ректорот на Универзитетот. По доделувањето на титулите, беа доделени и дипломите на студентите од додипломски, постдипломски и докторски студии.

По повод денот на турското образование, во 2021 година на Меѓународниот универзитет „Визион, од страната на универзитетските професори: проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, проф. д-р Зоран Филиповски, проф. д-р Булент Дервиш, доц. д-р Весна Попоска, доц. д-р Ајбејан Селим, доц. д-р Муједин Кавеџи и доц. д-р Арафат Усеин, беа издадени девет книги, кои на церемонијата беа претставени од страна на ректорот проф. д-р Фадил Хоџа.

Вториот дел од церемонијата на доделување на дипломи ќе се одржи на 25 декември 2021 година во Истанбул, Р Турција.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi