ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЌУТАХЈА ГО ПОСЕТИ МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“


Градоначалникот на Ќутахја, Република Турција, проф. д-р Алим Ишик и неговата делегација во рамките на посетата на Северна Македонија го посетија Меѓународниот универзитет „Визион“, кој е единствен универзитет кој обезбедува образование на турски јазик во Европа и на Балканот.

Проф. д-р Алим Ишик, беше пречекан од проректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Менсур Нуредин, универзитетски декани, професори и градоначалникот на општина Гостивар, проф. д-р Арбен Таравари.

За време на посетата, проректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Менсур Нуредин и градоначалникот на Ќутахја, проф. д-р Алим Ишик разговараа за многу прашања поврзани со Универзитетот и образованието на турски јазик.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi