За нас

За нас

Meѓународниот Унививерзитет ВИЗИОН – Гостивар е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од Турскиот и Европскиот образовен систем. МУВ е основан под закрила на мотото дека сите луѓе се збогатени преку образованието. Основан во 2014 та година, како еден од неколкуте приватни и независни универзитети во Македонија, ја стекнува својата првобитна акредитација од страна на Одборот за Акредитација и решението за вршење високообразовна дејност од страна на Министерството за Образование и Наука на РМ.

Meѓународниот Унививерзитет ВИЗИОН нуди Меѓународна ефикасност преку внимателно креирана наставна програма која вклучува современа професионална литература и студии на случај од истакнати автори. Meѓународниот Унививерзитет ВИЗИОН  се смета за Универзитет од Третата Генерација – универзитет кој е незавизен од владина поддршка, споредува настава воглавно на Турски јазик и функционира во рамки на регионален или глобален пазар со следните принципи:

  • Меѓународен наставен кадар;
  • Меѓународен состав на студенти;
  • Меѓународни наставни програми, учебници и наставни помагала.

 

Meѓународниот Унививерзитет ВИЗИОН е основан во 2014 година и е достапен за сите студентите, професори и соработници, со своите квалитети на интелектуална и морална средина на универзитетската автономија што е дефинирано како тврдење на академската слобода на индивидуалните изразување и доказ на вештини и квалитети каде што квалитетниот ангажман ќе придонеси развој на образованието, науката и професионализмот.

Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.