21
NOV
2019

УЧЕНИЦИ ОД 6 ЗЕМЈИ ГО ПОСЕТИЈА ВИЗИОН ВО РАМКИТЕ НА ЕРАСМУС +

На 14. Ноември 2019 година на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН се одржа работна посета и состанок на група од 30 студенти од Македонија, Турција, Кипар, Полска, Италија и Шпанија шест европски земји, заедно со Ерасмус координаторот Димче Мицкоски. Посетата беше финансирана од проектот Ерасмус Плус, односно прогамата со наслов “Safe Link- Better future”. Групата беше поздравена од страна на одговорниот Ерасмус+ координатор на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН доц. д-р Арафат Усеини и од проректорот одговорен за меѓународни односи проф. д-р Зоран Филиповски. На групата учесници им беа презентирани информации во врска со факултетски програми и активностите на Универзитетот.