24
SEP
2018

СЕ ПОТПИША ПРОТОКОЛ ЗА АКАДЕМСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТИТЕ РТЕ И ВИЗИОН

Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН истовремено ги продолжува своите повеќе насочни активности со различни респектирани универзитети, со цел да изгради мост меѓу културите и зајакнување на  академската соработка со другите универзитети.  Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН потпиша протокол за академска соработка со еден од најпрестижните универзитети во Турција.

Во име на Универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган протоколот за академска соработка го потпиша ректорот на универзитетот проф.д-р. Хусеин Караман и во име на  Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН протоколот го потпиша ректорот на универзитетот проф.д-р Фадил Хоџа, за време на потпишувањето на протоколот за соработка помеѓу двата универзитети присуствуваше и  Беннур КАРАБУРУН пратеничка од Бурса од редовите на АК партија.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank