Ректор

РЕКТОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН

Проф. д-р Фадил ХОЏА

rektor_fadil_hoca

          Проф. д-р Фадил ХОЏА (1963) е роден во Гостивар, Р.Македонија. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.  Магистрирал општествени науки на Универзитетот Истанбул во Република Турција. Докторирал во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ . Уште од самото дипломирање  е дел од академскиот кадар на УКИМ.

          Во периодот 2000-2004 бил претседател на образовно-едукативниот центар „АДЕКСАМ“.

          Во периодот 2004-2008 бил Претседател на МАТУСИТЕБ ( Сојуз на турски невладини организации во Р. Македонија), а во периодот 2008-2012 бил член на советодавниот одбор на ТДП. Од 2009-та до денес, професорот Фадил ХОЏА е главен и одговорен уредник на меѓународното научно-истражувачко списание „ХИКМЕТ“ која се објавува на три јазика (Турски,Македонски,Англиски) .

          Има објавено три книги и над 60 статии во домашни и меѓународни списанија на различни јазици. Исто така е еден од основачите на фондацијата за наука, култура и уметност „Шар Вардар“.

          Во 2013 во Скопје,  беше прогласен за Научник на годината од страна на Министерството за Образование и Наука на Р. Македонија.

          Во 2014 во Анкара Р.Турција, Организацијата за истражување на турскиот фолклор  му ја додели наградата за светски допринос за развојот на турската култура.

          Во 2015 во Призрен Р.Косово му беше доделена меѓународната награда за придонес во развојот на турската кулура на Балканот.

          Проф. д-р Фадил ХОЏА  е ректор  на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН.

Целта на основањето на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН

Свечено отворање на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН