21
JUN
2017

ПРАТЕНИЦИТЕ НА МХП ГО ПОСЕТИЈА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН

Делегација од Големото национално собрание на Република Турција составена од заменик-претседателот на МХП (Партијата на Национално движење) г-дин проф. д-р Мехмет ГУНАЛ, Пратеникот на МХП од Кочаели г-дин Саффет САНЏАКЛИ и Пратеничката на МХП од Ајдин г-ца Дениз ДЕПБОЈЛУ го посетија Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН.

Делегацијата беше примена од страна на Ректорот на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН Проф. д-р Фадил ХОЏА и Проректорите на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН.

При посетата делегацијата беше запознаена со условите, начинот на студирање, активностите и идните проекти на Универзитетот.

Во знак на благодарност за поддршката и придонесот за добивање на акредитација од Советот за високо образование на Република Турција, од страна на Управата на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН им беше доделена плаќета.

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar