17
MAR
2019

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА АКАДЕМСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ВИЗИОН И СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ”Г.Р.ДЕРЖАВИН”

На ден 12.3.2019 година, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р.Державин” потпишан е  договор за академска соработка  со Меѓународниот универзитет Визион со цел продлабочување на соработката и размена на искуства и идеи.

Делегацијата од страна на Меѓународниот универзитет Визион беше составена од страна на  ректорот проф. д-р Фадил Хоџа, проректорот проф. д-р Зоран Филиповски и директорот за човечки ресурси д-р Муедин Кахвеџи.

Делегацијата од страна на на Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р.Державин” беше во состав од ректорот проф. д-р Ленче Петреска, Еразмус координаторот лектор м-р Јасмина Пресилска, претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Васко Стамевски,м-р Борче Серафимовски и претседателот на управниот одбор проф. д-р Јордан Ѓорчев.

 

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank