14
NOV
2019

Помеѓу меѓународниот универзитет ВИЗИОН и универзитетот Газиантеп се потпиша Протокол за академска соработка

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН продолжува со повеќестрано и истовремено развивање на своите академски соработки и во таа насока се стреми кон академска соработка со разни реномирани универзитети, при што помеѓу своите соработки додаде уште една нова соработка. На 08 ноември 2019 (петок) помеѓу меѓународниот универзитет ВИЗИОН и универзитетот Газиантеп беше потпишан протокол за академска соработка. Ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа и ректорот на универзитетот Газиантеп проф. д-р Али Гур во името на универзитетите потпишаа протокол за академска соработка и Ерасмус договор. Проф. д-р Фадил Хоџа истакна дека „Постојат протоколи за соработка со балканските универзитети и универзитетите од југоисточна Европа како и со централно-азиските универзитети од Република Турција. Откога ги видовме големите можности на универзитетот Газиантеп потпишувањето на овој протокол за нас има многу голема вредност. Користењето на искуството на универзитетот Газиантеп, размената на студенти и академски кадар, како и соработката ќе ја направиме во многу други полиња за нас е од големо значење.“

На церемонијалниот протокол учествуваа ректорот проф. д-р Али Гур, ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа и проректорот проф. д-р Менсур Нуредин, проректорите на универзитетот Газиантеп проф. д-р Метин Бедир и проф. д-р Шехмус Демир, генералниот секретар доц. д-р Ајхан Доган и доц. д-р Али Фуат Гокче раководител на катедрата за политички науки и јавна администрација при факултетот за Економија и административни науки.

По потпишувањето на договорот за соработка универзитетот Газиантеп организира конференција на тема „Турците на Балканот“. Ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа на конференцијата рече: „Кога нашите предци се повлекуваа од тука на нас ни оставија две богатства. Првото, нашата религија е ислам, второт нашиот јазик е турски. Ние ниту од исламот,

ниту од турскиот јазик се откажавме“. Исто така, ги покани студентите почесто да го посетуваат Балканот.

Истиот ден ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа и проректорот проф. д-р Менсур Нуредин беа пречекани во својата канцеларија од страна на Давут Гул гувернаторот на покраината Газиантеп. Како дел од делегацијата беше и ректорот на универзитетот Газиантеп проф. д-р Али Гур.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank