07
NOV
2019

Познатиот писател и експерт од областа на науките за однесување Ашким Капишмак беше на ВИЗИОН

Под покровителство на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН, во организација на Студенскиот совет и Клубот на студентите по психолошко советување, познатиот писател и експерт од областа на науките за однесување Ашким Капишмак одржа конференција на тема „ Ефективна стратегија за комуникација и говор на тело“. Отварањето на конференцијата го изврши доц. д-р Хасан Октај, кој во својот говор особено ги истакна добрите вести дека под покровителство на Универзитетот ќе продолжи организирањето на ваков тип на настани од страна на Студенскиот совет и студентските клубови. На конференцијата од страна на Ашким Капишмак беа разработени следниве теми, „Како работи нашиот мозок“, „ Методи на запознавање на личноста“, „Типови на личности во меѓусебните врски“, „Што е говор на тело“, „Разлики во говорот на тело“, „Влијание преку говорот на тело“, со кои го привлече големиот интерес на студентите. На крајот на програмата од страна на деканот на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет ВИЗИОН доц. д-р Калина Сотироска Иваноска во име на Универзитетот на Ашким Капишмак му беше доделена плакета.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank