22
NOV
2019

Оттсекот по психолошко советување при меѓународниот универзитет ВИЗИОН одржа работилница на тема „меѓуврсничко насилство“

По повод деновите на психологијата во 2019 година, Комората на психолози на Република Северна Македонија организира настани за промовирање на психологот, како професија и психологијата во целост, под слоганот „Ајде да зборуваме за видливото и скриеното насилство“ со цел подобрување на менталното здравје.

Во оваа пригода, на 19.11.2019 г. во основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, во Гостивар се одржа работилницата на тема „Што е меѓуврсничко насилство? Кои се последиците и како се спречуваат?“. Оваа работилница беше извршена под менторство на деканот на Факултетот за општествени науки при меѓународниот универзитет ВИЗИОН и лиценциран психолог доц. д-р Калина Сотироска Иваноска, на која свој практичен придонес имаа студентите од четврта година на оттсекот по по психолошко советување. Учениците од осмо одделение од основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар активно учествуваа во спроведувањето на работилницата.

На работилницата, учениците беа информирани за тоа како се развива меѓуврсничко насилство и како да се идентификуваат жртвите од ваквиот тип на малтретирање. Подоцна, учениците придонесоа во играта за развој на толеранција, прифаќање и интерактивна комуникација. На крајот на работилницата, се разви позитивна атмосфера помеѓу учениците и изведувачите.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank