06
APR
2017

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „УПРАВНОТО СУДСТВО ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА“

Врз основа на направените соработки со различните институции и организации во Република Турција, Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН организираше конференција на тема: „Управното Судство во Република Турција“. На конференцијата свое излагање имаа Претседателот на првостепеното одделение на Државниот Совет во Република Турција г-дин Илјас АРЛИ, Членот во првостепеното одделение на Државниот Совет во Република Турција г-дин Ибрахим ЕР, Генералниот директор на одделението за население и државјанство при Министерството за внатрешни работи на Република Турција г-дин Хусејин Енгин САРИИБРАХИМ.

Конференцијата се одржа во свечената сала на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН на која учествуваа Министерот и претседателот на ТДП д-р Бејџан ИЛЈАС, Проректорот на Универзитетот Улудаг во Р.Турција д-р Мехмет ЈУЏЕ, Претставникот на ТРТ во Р.Македонија г-дин Беким МУХТАРЕВИЧ, Советникот во Државниот просветен инспекторат г-дин Бедри НУРЕДИН, проректорите, деканите, академскиот кадар и студентите.

Конференцијата започна со видео презентација на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН и продолжи со поздравниот говорот на Ректорот на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН Проф. д-р Фадил ХОЏА. Модереатор на конференцијата беше Проректорот на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН доц. д-р Хасан Октај.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank