21
NOV
2019

На меѓународниот универзитет ВИЗИОН се одржа „Свечено доделување на звања“

На 14 ноември 2019 година (четврток) во 12 : 45 часот во свечениот салон на меѓународниот универзитет ВИЗИОН се одржа церемонија по повод „Свечено доделување на звања“. Беа доделени 2 звања за професор и 8 звања за доцент вкупно 10 академски звања на вработени кои работат во склоп на меѓународниот универзитет ВИЗИОН. На свеченоста чие отварање беше извршено од страна на ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа присуствуваа проректорите, деканите на факултетите, професорите на универзитетот и голем број на студенти. Во своето обраќање ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа нагласи дека денешната програма не ниту конференција ниту семпозиум, туку всушност денешната програма е производ на напорите спроведени од нашиот универзитет за формирање на едукативен кадар. На свеченоста од страна на ректорот беа доделени професорски звања на проректорот проф. д-р Хасан Октај и проф. д-р Булент Дервиш. Од страна на проректорите на универзитетот беа доделени звањата за доцент на генералниот секретар на меѓународниот универзитет ВИЗИОН д-р Весна Попоска и на останати професори на меѓународниот универзитет ВИЗИОН, д-р Атилла Јорма, д-р Ајбејан Селим, д-р Аднан Врајнко, д-р Мухиттин Кахвеџи, д-р Арафат Хусеин, д-р Налан Казаз и д-р Ејуп Дуллина. На крајот на програмата, на вкупно 10 студенти од различни факултети кои остварија висок успех во нивните факултети им беа доделени сертификати за стипендии од страна на деканите на факултетите.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank