03
DEC
2019

На ВИЗИОН се организира 5-от традиционален турнир во шах

На 26-27 октомври 2019 година, на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН на 3-от спрат во изложбениот простор се одржа 5-от традиционален турнир во шах. Ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа, кој го отвори турнирот, во својот говор истакна дека: „Нашата цел беше да им обезбедиме на нашите деца, на младите луѓе ментален развој, играјќи шах да ги зголемат своите вештини за планирање на долг рок и да го направиме овој турнир традиционален на нашиот универзитет“. Првиот ден помина со интензивно учество на студентите уваа од турнирот, каде студентите играа шах меѓусебе. Сертификат за учество им беше врачен на студентите кои учествуваа на турнирот, а парични награди им беа врачени на студентите кои се пласираа меѓунајдобрите. На вториот ден од турнирот, мајсторот во шах во Северна Македонија, д-р Осман Сали играше против 12 лица истовремено. Д-р Осман Сали прилично потешко освои 11

од 12 натпревари, а 1 натпревар заврши реми. На турнирот учествуваа и некои претставници на шаховската федерација на Северна Македонија.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank