03
DEC
2019

На ВИЗИОН Невзат Тархан одржа конференција

Под организација на Студентскиот совет и Клубот на студенти по психолошко советување при Меѓународниот универзитет ВИЗИОН, ректорот на универзитетот Ускудар проф. д-р Невзат Тархан одржа конференција на тема „Позитивна психологија“. Конференцијата ја отвори ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа, кој во својот говор истакна дека особено е задоволен од присуството на ректорот на универзитетот Ускудар проф. д-р Невзат

Тархан, и нагласи колку се важни темите на семинарот за студентите во секојдневниот живот. За време на конференцијата студентите покажаа голем интерес, додека проф. д-р Невзат Тархан ги презентираше темите на семинарот, студентите поставуваа прашања за позитивната психологија и од време на време се појавија многу интересни погледи на оваа тема. На крајот на програмата од страна на ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа на ректорот на универзитетот Ускудар проф. д-р Невзат Тархан му беше врачена плакета.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank