25
DEC
2019

На ВИЗИОН втора церемонија на доделување на дипломи

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН на 21 декември на денот на турското образование прослави 6 години од своето основање и одржа втора церемонија на доделување на дипломи. Меѓународниот универзитет ВИЗИОН ја искуси гордоста и радоста да им додели дипломи најпрво на дипломираните од втор циклус на студии (мастер студии) и на втората генерација на дипломирани студенти од Правниот факултет, Економскиот факултет, Архитектонскиот факултет, Факултетот за социјални науки и Факултетот за информатика. Втората церемонија на доделување на дипломи на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН беше водена од страна на познатиот презентер Јусуф Емин и на неа присуствуваа гости на високо од земјава и странство. Помеѓу присутните беа ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа, главниот советник на претседателот на Република Турција Ихсан Шенер, заменик министерот за млади и спорт Ихсан Селим Бајдаш, заменик претседателот на МХП Дениз Депбоојлу, пратеникот од Коџаели од редовите на МХП Сафет САНКАКЛИ, министерот во Владата на Република Северна Македонија Елвин Хасан, претседателот на ТДП Бејџан Илјас, пратеникот и претседател на ТНП Енес Ибрахим, пратеникот од редовите на ТДП Јусуф Хасан, претседателот на ТМБХ Ердоган Сарач, поранешниот пратеник од редовите на АК Партијата Ѓулај Далјан, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, гостиварскиот муфтија Шакир Ефенди Фетаху, поранешниот ректор на Универзитетот Акев проф. д-р Хајати Акташ, директор на експозитура на ХСИК Мисбахатин Ероглу, членот на Врховниот суд Басри Багџи, членот на Врховниот суд Нечип Топуз, член на кривичниот

совет при Врџовниот суд Јилмаз Карабодур, член јавниот обвинител при Врховниот суд Хусеин Куршад Сербес и генералниот директор на установата за студенски кредити и домување Реџеп Али Ер. Свеченото отворање го изврши ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа кој со гостите сподели дека е вистинската гордост и радост да се прогласи втората генерација на дипломирани студенти на универзитетот. По протоколните говори, на најуспешните студенти на последипломските и додипломските студии на универзитетот покрај диплома им беше врачена и плакета, на најуспешните студенти од секој од факултетите им беше врачен сертификат, а на останатите дипломци им беа врачени дипломи. По церемонијата на доделување на дипломи познатата пејачка Ѓулден Мутлу одржа концерт

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank