13
NOV
2019

Нашиот универзитет присуствуваше на состанокот за оценување на високото образование

 

21. март 2019 година под покровителство на меѓународниот универзитет ВИЗИОН беше формиран „Одбор на ректори на приватни универзитети“ кој што сега одржа свој редовен состанок во просториите на Европскиот универзитет.

Со учество на македонскиот министер за образование на состанокот беа разгледани проблемите во врска со законот за високо образование и се водеше отворена дискусија за измени на законот за високо образование.

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН на состанокот беше претставуван од проректорот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин и генералниот секретар доц. д-р Весна Попоска.

Како универзитет, меѓународниот универзитет ВИЗИОН достави писмен предлог за решавање на проблемите во врска со законот за високо образование, особено за бирократските практики во процесот на ангажирање на странски наставници и критериумите и практиките поврзани со процесот на екстерно оценување на универзитетите.