04
DEC
2019

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН и виенскиот институт ГЕСАБ официјално започнаа со изведување на образована настава во Виена

По добиените официјални одобренија на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и надлежните органи на Република Австрија, меѓународниот универзитет ВИЗИОН во соработка со австрискиот институт „ГЕСАБ“, во срцето на Европа, во главниот град на Австрија, во Виена, официјално ја започна учебната 2019-2020 година. На отворањето на австриското образовно претставништво на меѓународниот универзитет ВИЗИОН присуствуваа ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил ХОЏА, проректорот проф. д-р Менсур НУРЕДИН, претседателот на институтот ГЕСАБ Абдурахман ТОПРАК, професори од меѓународниот универзитет ВИЗИОН доц. д-р Ајбејан Селим, доц. д-р Мухитин Кахвеџи, д-р Хавва Шабан и студенти кои се запишале на универзитетот. Во својот воведен говор, ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил ХОЏА наведе дека: „Имињата на првите студенти кои се сведоци на овој историски ден ќе бидат напишани со златни букви. Ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил ХОЏА, проректор Д-р Менсур НУРЕДИН и претседателот на институтот ГЕСАБ Абдурахман ТОПРАК, одражаа поздравни говори. Професорите од меѓународниот универзитет ВИЗИОН продолжуваат да одржуваат предавања според додипломските, постдипломските и докторските програми.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank