10
DEC
2019

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН беше домаќин на 13. Меѓународен конгрес за историја на Балканот.

Меѓународниот универзитет ВИЗИОН како домаќин, со Универзитетот 19 Мај од Самсун кој е еден од еминентните универзитети во Турција, и Асоцијацијата Самсун Размена заеднички организира 13. Меѓународен конгрес за историја на Балканот. На конгресот присустваа г-дин Елвин Хасан, министер во Владата на Република Северна Македонија, ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа, претседателот на Партијата за турско движење и пратеник г-дин Енес Ибрахим, еден од конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун проф. д-р Бунјамин Коџаоглу, пензионираниот полковник г-дин Сухејл Чобаноглу, претседателот на Асоцијацијата Самсун Размена г-ѓа Олџај Кинај Јакин, проректорите на меѓународниот универзитет ВИЗИОН, академски работници од разни универзитети во земјава и во странство и голем број студенти од меѓународниот универзитет ВИЗИОН.

Конгресот со поздравен говор го отвори ректорот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа кој во својот говор истакна дека 13. Меѓународен конгрес за историја на Балканот се одржува за прв пат на Балканот и тоа на нашиот универзитет и за тоа сме многу среќни. Ректорот исто така, истакна дека сме сведоци на историски ден и дека универзитет ВИЗИОН ќе продолжи да биде домаќин на вакви организации во меѓународен контекст. Поздравни говори одржаа и еден од конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун проф. д-р Бунјамин Коџаоглу, претседателот на Асоцијацијата Самсун Размена г-ѓа Олџај Кинај Јакин и г-дин Елвин Хасан, министер во Владата на Република Северна Македонија.

Специјалната сесија на конгресот се одржаа под модераторство на проректокторот на меѓународниот универзитет ВИЗИОН и истовремено еден од конгресните претседатели проф. д-р Хасан Октај, на неа свои излагања имаа еден од конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун проф. д-р Бунјамин Коџаоглу и пензионираниот полковник г-дин Сухејл Чобаноглу.

Работниот дел на конгресот се одржа во три различни салони во три сесии. Презентациите на академските работници од земјава и странство и на професорите на меѓународниот универзитет ВИЗИОН беа презентирани во текот на целиот работен ден на англиски, македонски и турски јазик.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank