03
DEC
2019

Во рамките на деновите на психологија на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН, се организира панел за средношколци на тема „Меѓуврсничко насилство“

Под покровителство Комората на психолози на Република Северна Македонија беа организирани деновите на психологија 2019, во оваа акција учествуваше и Меѓународниот универзитет ВИЗИОН под слоганот „Поблиску до психолозите“.

Во овој контекст, во вторникот, 26 ноември 2019 година во Гостивар се одржа панел на тема „Меѓуврсничко насилство“ на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН. На споменатиот панел учествуваа ученици од сите етнички заедници на општина Гостивар.

Панелистите на средношколците им дадоа информации за тоа што е меѓуврсничко насилство, што треба да правиме кога се соочуваме со малтретирање или кога сме сведоци.

Говорници на овој панел, организиран од Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет ВИЗИОН, беа: деканот на Факултетот за општествени науки доц. д-р Калина Сотироска Иваноска, доц. д-р Мухитин Кахвеџи и м-р Хавва Шабан.

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank